Една од ретките утки на Лери Бирд е успешната кариера во НБА лигата на Доминик Вилкинс, а приказната за нивниот однос е мошне интересна. И двајцата се членови на клубот 50, во кој се вброени педесетмината најдобри кошаркари на сите времиња во најсилната баскет лига на светот.
„Првиот контакт со него беше шокантен. Само немо ме гледаше со студениот израз на лицето по кој беше познат. Пред мене стоеше големиот Лери Бирд и јас му пружив рака за да се поздравам. И добив неочекуван и навредлив одговор. Не припаѓаш тука бездомнику, ми рече Бирд. Се изнервирав и му возвратив со иста мерка. И добив казна со две тројки по ред од Бирд. Продолжив да се борам и на крајот сепак добив признание од Лери. Ми се допаѓаш малечок. Имаш срце, но сепак вечерва ќе ти дадам 40 поени“, раскажува Вилкинс.
На шега Доминик додаде дека на тој меч меѓу неговата Атланта и Бостон каде играше Бирд „Лери не постигна 40 поени, тука само 39“. Подоцна Вилкинс имаше блескава кариера, стана еден од најдобрите во НБА лигата, а посебно го карактеризираше моќниот одраз и атрактивните забивања. Бирд беше еден од најелегантните НБА играчи на сите времиња и кошаркар со убиствен шут од далечина и неверојатно добри асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.