Францускиот актер Жал-Пол Белмондо, кој во април ќе наврши 82 години, изјави дека се повлекува од актерската кариера и остатокот од животот сака да го мине во мир, далеку од камерите и проекторите.
Гостувајќи во една емисија на радио, тој се потсети на своите убави спомени, кои ги има работејќи 65 години на филм и во театар.
– Се изнаработев. Можеби некому ќе му звучи ова како виц, ама, навистина, многу работев. Од утро до мрак. Така и успеав – изјави Белмондо.
Иако почетокот на кариерата не бил баш најдобар, добивал критики што го поколебале што почнал да се занимава со оваа професија, но сепак, не се откажал. Му велеле дека не може да им се допадне на жените.
– Една година подоцна јас бев во друштво со Урсула Андерс – изјави Белмондо.
Публиката го памети по улогите во „Професионалец“, „Борсалино“ и „До последен здив“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.