Бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Ваквата одлука ги натера граѓаните до полноќ да ги наполнат своите возила со гориво додека не поскапело.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари по литар и ќе изнесува 62,00 денари за литар
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 3,50 денари по литар и ќе се точи за 64,00 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари и еден литар ќе се продава за 51,00 денар.
Малопродажната цена на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 денари за литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




