| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска го поддржува членството на Македонија во НАТО

grujo

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ.

На средбата беа поздравени одличните односи помеѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството, соработката и меѓусебното почитување.

grujo2

Соговорниците разменија мислења на повеќе теми од различни области кои се од интерес за понатамошно унапредување на односите, акцентирајќи ја соработката на проекти во полето на одбраната.

Премиерот Груевски ги истакна реформите и мерките кои се преземаат за унапредување на стандардите од полето на одбраната.Тој истакна дека членството во НАТО алијансата претставува стратешка определба. Посочи дека Република Македонија зема активно учество во мировните мисии на НАТО и претставува активен партнер во исполнување на функциите и целите на Алијансата.

grujo3

Министерот за одбрана Котромановиќ истакна дека Република Хрватска активно го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, истакнувајќи дека државата ги исполнува стандардите и високите критериуми за целосно членство. Тој посочи дека Република Хрватска дава целосна поддршка на активностите за реализација на проекти кои што ќе придонесат за јакнење на регионалната соработка и напредок на регионот.

Беше разговарано и за подготвеноста и можноста за интензивна соработка во однос на повеќе конкретни проекти како што е соработката во однос на Центарот за обука на пилоти, и за соработката во областа на образованието на кадри од областа на одбраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top