Врз основа на нејзиното искуство во модните кругови, ѕвездата Викторија Бекам дава пет модни совети за своите обожавателки:
1. Никогаш не заборавајте ги очилата за сонце. Тие можат да бидат акцентот во секоја комбинација и да го надополнуваат целокупниот изглед кој сакате да го постигнете.
2. Популарните тесни фармерки се погодни како за во текот на денот, така и за вечерно излегување, но многу е важно да не се премногу тесни и да не пречат на природните движења. Внимавајте кога купувате вакви фармерки, да го изберете точно вашиот број, а не помал.
3. Облекувајте се соодветно ако имате мали деца и треба да излезете со нив. Никако не е практично да бидете во официјална или полуофицијална облека, а во исто време да пазите детето да не ви извалка. Може да треба да лазите по земја, за да се справите со некоја непредвидена ситуација, па избирајте ја секогаш удобноста пред елеганцијата.
4. Иако многу е често убедување на некои жени, дека треба секогаш и по секоја цена да сте на високи потпетици, тоа воопшто не е така. Ниски и елегантни чевли, вршат многу добра работа, дури и во комбинација со фустан.
5. Обрнете огромно внимание на додатоците. Од голема важност е комбинирањето на вистинските ракавици, торба, каиш, капа и сѐ друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потрошија 8000 евра: Еве што доби ќерката на Бекамови за роденден од мама и тато
-
Ни кралицата не може да му одолее: Елизабета се „стопи“ пред Бекам
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?