Од почетокот на 2015 година аргентинскиот ас Лионел Меси има постигнато најмногу голови и асистенции во петте најјаки лиги во Европа.
Фантастичниот фудбалер синоќа во натпреварот против Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ брилираше со два гола и со две асистенции, а за петтиот гол учествуваше во акцијата која ја реализираше резервистот Педро.
Секако Меси е најзаслужен во тимот на Барселона за одличните натпревари во Примера дивизија откако на последните пет натпревари клубот од Каталонија постигна 21 гол!
Меси од 1 јануари постигна дури девет гола, а забележи и пет асистенции, што е далеку најдобар ефект на еден фудбалер во петте најјаки лиги во Европа.
Лео Меси воедно се изедначи со Луис Фиго на врвот на листата на најдобри асистенти во Примера дивизија со 105 успешни додавања, по што следеле голови на неговите соиграчи. Тоа му успеало на Аргентинецот да го стори на 229 натпревари, додека Фиго истиот број успешни додавања ги остварил на 336 меча.
По се изгледа одлуката на ФИФА наградата за најдобар фудбалер во светот двапати по ред да му ја додели на Кристијано Роналдо му даде екстра мотив на Меси повторно да стане најдобар фудбалер на светот, откако претходно дури четири пати успеваше во тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.