| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеникот Стоилковиќ ја донираше платата за помош на поплавените

stoilkovic

Пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ тукушто ја донираше целата пратеничка плата за помош на поплавените во Македонија.

– Секогаш сме тука да помогнеме кога е потребно, особено во тешки ситуации кога на луѓето навистина им е потребна помош. Знам како им е на поплавените, помагав на терен исто како што лани помагав и во Србија кога се случија големите поплави, изјави Стољиковиќ заВечер.

Тој се надева дека неговиот пример ќе го следат и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top