Министерството за внатрешни работи информираше дека вче во Скопје биле извршени две кражби. Вчера околу 18,05 часот во Скопје, на бул. „Александар Македонски“, во сендвичара „Јадран“, непознат сторител маскиран во пределот на главата со закана со нож извршил разбојништво над вработената при што одзел околу 40.000 денари.
По еден час на ул. „Џон Кенеди“ во спортска обложувалница „Бет ат Хом“, две маскирани лица и вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво, при што под закана од вработениот одзеле околу 18.000 денари.
Полицијата сеуште трага по сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.