Вчерашното 11. коло на Новолото ја донесе втората седумка во 2015, вредна 6.000.000 денари. Среќните бројки извлечени во ова коло се: 2, 4, 13, 17, 19, 22, 28 и дополнителниот број 8.
Компјутерскиот систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена во продажното место Алемарк 777 во скопска Автокоманда. Уплатени се 3 комбинации на НОВОЛОТО и 1 Џокер на 05.02.15. Добитна била третата комбинација.
Првата премија 7-ка годинава падна за Божик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.