НБА и се е можно, дозволено е и фаулирање на противникот со патика в рака. Шпанецот Марк Гасол од Мемфис, остана без патика во нападот при битката под кошот, па мораше со неа да прави фаул во својот рекет. Интересен момент од синоќешната програма во НБА, во која домашмните екипи имаа максимален ефект од 6 победи. Тимот на Гасол, Мемфис загуби кај Јута со 84-90, а во останатите натпревари, Бостон го победи Шарлот со 105-88, Филаделфија беше подобра од Индијана со 98-91, Сан Антонио го совлада Кливленд со 119-113, Вашингтон го декласира Феникс со 127-105 и Портланд ја комплетира „домашната ноќ“ во НБА, со триумф над Детроит од 112-101.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.