| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Кузмановски го промовира „Шприцер“

mile kuzmanovski2

Македонскиот пејач на народна музика, Миле Кузмановски во среда ќе го промовира своето најново ЦД/ДВД насловено „Шприцер“.

– ЦД-то е шестто по ред во мојата кариерата, на него има девет нови композииции и три песни бонус. Тимот на автори е оној истиот со кој јас подогло време соработувам како А.Митевски, Љ.Павловски, Д.Коларовски, М.Барбаровски, Н.Автовски, Д.Вучиќ, В.Дојчиновски- Дојчин. Но има и нови автори мои долгогодишни пријатели и колеги како Р.Димкоски, А.Даева. Издавачи на ова ЦД/ДВД се Сенатор Рекордс. Скоро секоја песна има и свој спот, односно за две песни: Презиме и Шприцер веќе постоеа видео записи изработени во 2014 година од продукција Фабрика  и дополнително се изработени уште 4 нови видео записи за Рулет, Што има ново генерацијо, Љубов само љубов лекува продукција на Ин ТВ и Играј срце-Фабрика продукција – вели Кузмановски.

На овој настан тој ќе ја промовира и песната ,„Готово е“, со видиеозапис, која е субвенционирана од Владата. Песната е дело на Љупчо Павловски, а видеозаписот на Продукција Фабрика. Исто така заедно со ЦД-то во посебен формат ДВД е издаден и Концертот од 2014 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top