| четврток, 6 декември 2018 |

Верувате ли во реинкарнација? Момче детално се сеќава на својот претходен живот

decak-prosli-zivot-foto-printscreen-1423325976-614792-650x562
Петгодишното момче Лука Рулман од Охајо, тврди дека се сеќава на својот претходен живот во кој се викал Пем и живеел во Чикаго и загинал во пожар во 1993-та година.
Неговата мајка Ерика вели дека се започнало кога имал две години и се сеќава на неговите чудни реакции на името Пем, како и тоа што постојано го повторувал тоа име.
decak-prosli-zivot-foto-printscreen-1423325976-614793-650x474

Подоцна почна да зборува во детали за некој изминат живот. Кога бев девојче имав црна коса, кажуваше тој или: Носев такви обетки, наведува мајката.
Таа целосно се шокирала кога истражувајќи ја оваа необична приказна, открила дека во пожар во 1993-та година, навистина загинала жена по име Памела Робинсон во Чикаго.
pozar-cikago-foto-printscreen-1423326045-614794-650x500

Екипата на телевизиската емисија која се занимава со истражување на паранормални активности, го посетила детето и тие тврдат дека на детето му покажале фотографии од разни жени, барајќи да покаже која е Пем и тој навистина ја покажал токму неа.
По тоа, Ерика го исконтактирала семејството Робинсон и се испоставило дека нејзиниот син и жената која починала имале многу заедничко, и двајцата го обожаваат Стиви Вондер и свират на клавир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top