| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд предлага поголема демилитаризирана зона во Источна Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд предлага проширување на демилитизираната зона меѓу спротиставените страни во Украина, како и поголема автономија за источните региони во земјата, јави МИА.

Оланд во денешното интервју за телевизијата Франс 2 посочи дека планот за кој се преговара предвидува проширување на демилитаризираната зоната во ширина од 50 до 70 километри.

Тој се заложи и за „силна“ автономијата во источна Украина.

Според податоците на Обединети нации, повеќе од 5.300 луѓе загинаа од април минатата година, кога почнаа судирите во Источна Украина. Во последните две недели судирите се интензивирани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top