Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија во раните ноќва околу 3 часот по полноќ. Благо тресење се почувствува и во западна Македонија, како и во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 100 км од нашиот главен град.
Епицентарот на земјотресот, според “Live earthquake map” бил на 10 километри во длабочина, на 65 километри од албанскиот град Пешкопеја.
Засега нема информации за евентуални жртви и материјални штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.