| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадор и странски премиер ја готвеле „бомбата“

Zaev izjava PUC (1) (Custom)Амбасадор и странски премиер ја подготвувале бомбата заедно со Заев и Верушевски. Писмото кое Заев му го испратил на Верушевски околу 20 јануари, само ја потврдува вмешаноста на странските служби во подготовката на материјалите со кои Заев му се закануваше на премиерот Груевски.

„Работата која ја чекаме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот … (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор не вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие“ – му пишува Заев на Верушевски

Нема информации за кој амбасадор станува збор, а не се открива ниту идентитетот на странскиот премиер за да не и наштети на истрагата која се води во моментов.

Со ова писмо паѓаат во вода сите оправдувања на Заев дека не соработувал со странски служби. Оттука, оправдан е и револтот на граѓаните кои масовно и се приклучуваат на граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top