| четврток, 6 декември 2018 |

Жешка пролет со германски вкус

Не­о­че­ку­ва­но бо­гат зим­ски пре­о­ден рок се слу­чу­ва во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал, а ими­ња­та и ре­но­ме­то на Мо­ха­ма­ду Идри­зу, Ва­ле­ри До­мов­чи­ски, То­ме Па­чов­ски, Ба­же Или­јо­ски и на уште не­кол­ку­ми­на од­лич­ни игра­чи ве­ту­ва­ат ин­те­рес­но про­дол­же­ние на до­маш­но­то пр­венс­тво

Же­шка про­лет ги оче­ку­ва ма­ке­дон­ски­те фуд­бал­ски пр­во­ли­га­ши, во про­дол­же­ни­е­то на пр­венс­тво­то ќе се бие го­ле­ма би­тка за ти­ту­ла­та, за ме­ста­та што га­ран­ти­ра­ат на­стап на еврос­це­на­та, но и за оп­ста­нок.

Зим­ски­от пре­о­ден рок и транс­фе­ри­те што ве­ќе се ре­а­ли­зи­ра­ни, но и тие што до­пр­ва ќе се ос­тва­рат, а се во нај­а­ва, ве­ту­ва­ат воз­буд­ли­во про­дол­же­ние на до­маш­ни­от шам­пи­о­нат. Вар­дар и Шкен­ди­ја беа нај­а­ктив­ни на па­за­рот и најм­но­гу се за­си­ли­ја пред стар­тот на вто­ри­от дел од Пр­ва­та ма­ке­дон­ска ли­га.
По долг пер­и­од има и атра­ктив­ни за­си­лу­ва­ња, дел од нив и со на­ста­пи во гер­ман­ска­та Бун­дес­ли­га, а про­дол­жи и трен­дот на вра­ќа­ње искус­ни и до­ка­жа­ни фуд­бал­ски ими­ња, на­ши по­ра­неш­ни, се­гаш­ни или по­тен­ци­јал­ни ре­пре­зен­та­тив­ци.

Во зим­ски­от пре­о­ден рок обич­но не­ма спе­кта­ку­лар­ни транс­фе­ри, во во­деч­ки­те фуд­бал­ски зем­ји ле­то­то е по­а­тра­ктив­но за ан­гаж­ман на ска­пи за­си­лу­ва­ња, но овој пат и во Ма­ке­до­ни­ја, нас­про­ти оче­ку­ва­ња­та, бе­ше ин­те­рес­но со не­кол­ку транс­фер-бом­би.

„Ре­пуб­ли­ка“ ќе се оби­де да на­пра­ви из­бор од пет нај­вред­ни транс­фе­ри во зим­ски­от пре­о­ден рок.

 

sport126-1

Идри­зу го кре­на на но­зе Те­то­во

Мо­ха­ма­ду Идри­зу ја за­си­ли Шкен­ди­ја, а фуд­бал­ско Те­то­во е на но­зе и оче­ку­ва мно­гу од но­ви­от фуд­бал­ски ми­ле­ник во цр­ве­но-црн дрес. Спо­ред ми­на­ти­от труд и ре­но­ме­то што го има Идри­зу, тоа ве­ро­јат­но е нај­до­бри­от стра­нец што при­стиг­нал во ма­ке­дон­ски­от шам­пи­о­нат. Во пос­лед­ни­те де­се­ти­на го­ди­ни 190 сан­ти­ме­три ви­со­ки­от на­па­ѓач од Ка­ме­рун игра­ше во не­кол­ку клу­бо­ви во Гер­ма­ни­ја, а има на­ста­пи и во на­ци­о­нал­ни­от дрес. За­ед­но со ле­ген­дар­ни­от Са­му­ел Ето на­ста­пи на афри­кан­ски­от Куп на на­ции за по­пу­лар­ни­те „не­скрот­ли­ви ла­во­ви“, а со­бра точ­но 41 меч за на­ци­о­нал­на­та се­лек­ци­ја, со 9 по­го­до­ци. Кор­пу­лен­тен, со од­лич­на тех­ни­ка и бр­зи­на, Идри­зу би тре­ба­ло да би­де го­ле­мо за­си­лу­ва­ње за Шкен­ди­ја и ви­стин­ски маг­нет за пуб­ли­ка­та.

– Ќе да­дам сѐ од се­бе за да ѝ по­мог­нам на Шкен­ди­ја да бе­ле­жи ус­пе­си. Точ­но е де­ка играв во мно­гу сил­ни гер­ман­ски клу­бо­ви, но се­га сум по­све­тен на Шкен­ди­ја. Си­те што ме поз­на­ва­ат зна­ат де­ка да­вам сѐ од се­бе, де­ка играм од ср­це. Та­ка ќе би­де и во мо­јот нов клуб – из­ја­ви Идри­зу по при­стиг­ну­ва­ње­то во Те­то­во од ре­до­ви­те на Ма­ка­би Ха­и­фа.

Проб­лем, ве­ро­јат­но, ќе би­дат го­ди­ни­те, ги има 34, но искус­тво­то и ква­ли­те­тот на Ка­ме­ру­не­цот не се спор­ни. Идри­зу игра­ше за поз­на­ти­те бун­дес­ли­га­ши Бо­ру­си­ја Мен­хенг­лад­бах, Ајн­трахт Фран­кфурт, Ха­но­вер, Фрај­бург и за Кај­зерс­ла­у­терн, дел од нив ко­га беа во Вто­ра­та гер­ман­ска ли­га.

 

sport126-2

Вар­дар е ре­пре­зен­та­ци­ја во ма­ло, Па­чов­ски е пр­ва ѕвез­да

Вар­дар про­дол­жу­ва со спро­ве­ду­ва­ње на пла­нот да ги вра­ќа акту­ел­ни­те и по­тен­ци­јал­ни ре­пре­зен­та­тив­ци на Ма­ке­до­ни­ја, кои се рас­по­ло­же­ни за вра­ќа­ње во до­маш­ни­от шам­пи­о­нат. Зи­ма­ва во ре­до­ви­те на есен­ски­от ли­дер при­стиг­наа не­кол­ку­ми­на, а пр­ва ѕвез­да е ре­пре­зен­та­тив­ни­от гол­ман То­ме Па­чов­ски.

– При­стиг­нав во Вар­дар, пред сѐ, по­ра­ди европ­ски­те ам­би­ции на клу­бот. Са­кам да го ви­дам Вар­дар во Евро­па и ве­ру­вам де­ка со мо­е­то искус­тво ќе да­дам при­до­нес во ос­тва­ру­ва­ње на со­нот. Спо­ред ор­га­ни­за­ци­ја­та во клу­бот и про­фе­си­о­нал­но­ста на играч­ки­от ка­дар, ве­ру­вам де­ка ќе ус­пе­е­ме – ве­ли Па­чов­ски.

Од 2007 го­ди­на тој е дел од ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни и стан­дар­ден на го­лот на на­ци­о­нал­на­та се­лек­ци­ја. Па­чов­ски ве­ќе бе­ше дел од Вар­дар во се­зо­на­та 2008/09, а по­тоа бра­не­ше во сил­на­та бел­ги­ска ли­га за Бер­шот и за Ме­хе­лен.

Тој ќе му до­не­се си­гур­ност и искус­тво на де­фан­зив­ни­от дел на нај­тро­феј­ни­от фуд­бал­ски клуб кај нас и ќе се оби­де да го за­др­жи Вар­дар на вр­вот со нај­мал­ку при­ме­ни го­ло­ви во шам­пи­о­на­тот. До­се­га „цр­ве­но-цр­ни­те“ се нај­до­бри во Ли­га­та во тој сег­мент со са­мо 10 по­го­до­ци во мре­жа­та.

 

Или­јо­ски е маг­нет за ти­ту­ли во Ра­бот­нич­ки

Ба­же Или­јо­ски е ви­стин­ски фе­но­мен во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал и по пет­ти пат ќе игра за сво­јот ма­ти­чен клуб Ра­бот­нич­ки отка­ко пак се вра­ти, овој пат од Тај­ланд, од Бан­гкок глас. На­па­ѓа­чот е ви­стин­ски маг­нет за тро­феи со де­бар­ма­ал­ци, а со не­го во ти­мот Ра­бот­нич­ки освои по две кру­ни во пр­венс­тво­то и во на­ци­о­нал­ни­от куп.

Или­јо­ски има 30 го­ди­ни и во сво­ја­та ге­не­ра­ци­ја ва­же­ше за еден од нај­до­бри­те и нај­бр­зи на­па­ѓа­чи. Не­го­ва­та ка­ри­е­ра е мош­не ин­те­рес­на, а ду­ри 13 па­ти ја ме­ну­ва­ше фуд­бал­ска­та сре­ди­на. На­ста­пу­ва­ше во 8 раз­лич­ни клу­ба, а ду­ри че­ти­ри па­ти се вра­ќа во Ра­бот­нич­ки, клуб во кој ја поч­на и ка­ри­е­ра­та. Ла­ни не­ми­ло­срд­но ги тре­се­ше мре­жи­те на про­тив­ни­ци­те, осо­бе­но игра­ше до­бро во клуч­ни­те ме­че­ви про­тив Вар­дар и бе­ше еден од нај­зас­луж­ни­те за двој­на­та кру­на на ро­ман­ти­ча­ри­те.

Во сво­јот ма­ти­чен клуб се вра­ќа во ви­стин­ски мо­мент, по за­ми­ну­ва­ње­то на из­во­нред­ни­от на­па­ѓач Аце Стој­ков.

 

До­мов­чи­ски со гол го ис­пра­ти Кан во пен­зи­ја, се­га се на ред по­го­до­ци за Вар­дар

Ва­ле­ри До­мов­чи­ски бе­ше еден од нај­го­ле­ми­те та­лен­ти во Бу­га­ри­ја, а ка­ри­е­ра­та на 28 го­ди­ни ве­ро­јат­но ќе ја про­дол­жи во Вар­дар. Овој транс­фер до за­тво­ра­ње­то на не­дел­ни­кот не бе­ше ре­а­ли­зи­ран, но е нај­а­вен ка­ко си­гу­рен и ве­ро­јат­но мо­же да се вкал­ку­ли­ра ка­ко зна­ча­ен во зим­ски­от пре­о­ден рок.

До­мов­чи­ски е слич­на при­каз­на ка­ко и Идри­зу, игра­ше во Бун­дес­ли­га­та за Хер­та, а по­тоа и за Ду­ис­бург. Се за­пи­ша во исто­ри­ја­та на гер­ман­ски­от фуд­бал ка­ко пос­ле­ден играч што го сов­ла­дал ле­ген­дар­ни­от Оли­вер Кан на офи­ци­ја­лен меч. Во Вар­дар оче­ку­ва­ат да ги тре­се про­тив­нич­ки­те мре­жи за по­че­ток во до­маш­но­то пр­венс­тво, а по­тоа и на европ­ска­та сце­на. До­мов­чи­ски до 2011 го­ди­на бе­ше стан­дар­ден член на бу­гар­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, но во пос­лед­ни­те не­кол­ку се­зо­ни го за­гу­би че­ко­рот. Нај­го­лем проб­лем ќе му би­де фор­ма­та ко­ја е во пад, по за­ми­ну­ва­ње­то од Гер­ма­ни­ја во 2013 го­ди­на. От­то­гаш бе­ше член на бу­гар­ски­те ти­мо­ви Бо­тев, Чер­но Мо­ре и Лев­ски.

 

Нил­до но­си ма­ги­ја од Бра­зил

Бра­зил­ци­те оста­ви­ја впе­чат­лив бе­лег во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал, а на игра­та и на шар­мот на та­мош­ни­от фуд­бал што ус­пеш­но ги пре­не­су­ваа на наш те­рен Дош Сан­тош Ван­де­ир, Аги­нал­до Бра­га, Ро­же­рио Оли­ве­и­ра, Жил­сон да Сил­ва, Ро­бер­то Ма­ри­ја­но Ва­шин­гтон… ќе се оби­де да нѐ по­тсе­ти Ви­ктор Нил­до Ју­фо.

Игра­чот од сред­ни­от ред пот­пи­ша за Шкен­ди­ја, ќе игра за те­тов­ци во след­ни­те шест ме­се­ци и се оче­ку­ва да го по­твр­ди та­лен­тот. Ка­ри­е­ра­та ја гра­де­ше во мла­дин­ски­те ака­де­мии на поз­на­ти­те бра­зил­ски клу­бо­ви Сао Па­у­ло и Ин­тер­на­ци­о­нал, а играл и за Ба­хи­ја.

Ју­фо е офан­зи­вен играч од сред­ни­от ред, по­зи­ци­ја ко­ја бе­ше пос­ла­ба точ­ка на Шкен­ди­ја. За 21-го­диш­ни­от Бра­зи­лец ќе би­де ви­стин­ски пре­диз­вик да ја ор­га­ни­зи­ра игра­та на тре­топ­ла­си­ра­ни­от тим во пр­венс­тво­то и ако ус­пее да се на­мет­не, Шкен­ди­ја има шан­са да бие би­тка за ти­ту­ла­та иа­ко за­о­ста­ну­ва 8 бо­да зад Вар­дар и 5 зад Ра­бот­нич­ки.

 

Во кон­ку­рен­ци­ја за ме­сто во топ 5, се­ка­ко, се и транс­фе­ри­те на Ба­же То­до­ров­ски од Ра­бот­нич­ки во Шкен­ди­ја, на Сте­фан Ашков­ски, кој при­стиг­на во исти­от клуб ка­ко по­зај­мен играч од Пар­ти­зан, па ан­гаж­ма­нот на Де­јан Бла­жев­ски и на Сте­фан Спи­ров­ски во Вар­дар, на Буј­чев­ски во Ме­та­лург и уште не­кол­ку ин­те­рес­ни транс­фе­ри што се ре­а­ли­зи­раа во не­о­че­ку­ва­но бо­га­ти­от до­ма­шен зим­ски пре­о­ден рок. Ва­ков фуд­бал­ски па­зар во зим­ски пер­и­од одам­на не­ма­ло во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал што е до­бра нај­а­ва за по­до­бар ква­ли­тет и вра­ќа­ње на пуб­ли­ка­та на ста­ди­о­ни­те низ Ма­ке­до­ни­ја.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 126. број на неделникот „Република“, 30.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top