Во Штип пристигнаа првите камиони со хуманитарна помош за жителите во штипскиот регион, чии домови беа поплавени од двата циклони.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов, вели дека првиот камион со вода за пиење пристигнува од познати фармацевтски куќи. Компанијата „Алкалоид“ ќе донира хуманитарни пакети со материјали за дезинфекција, донации обезбедија и веледрогериите „Д-р Пановски“, германската „Феникс фарм“, „Еуролек“, „Фармагем“, „Фарматрејд“,„Велидент“, „Пелистерка“ и други субјекти.
– Штип треба да добие и 100 ќебиња, и резервоар од 5.000 литри за вода кој ќе биде наменете за Лакавица, а се очекуваат и монтажни тоалети – вели Ристов.
Турската агенција ТИКА обезбеди 200 пакети храна кои ќе бидат поделени на месното население во штипските села Селце, Балталија, Пухче, Степанци, Суво Грло, Почивало и Шашаварлија. Исто така, донираше и еден тон нафта за санирање на штетите од поплавите за работната механизација.
Ристов вели дека општината помошта во пакетите со вода за пиење најпрвин ќе ги дистринуира до основните и средните училишта, градинките, ученичките и студентскиот дом, а денеска со вода за пиење беа снабдени учениците во специјалното средно училиште „Искра“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.