Седумнаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во јужна Кина, а спасувачката операција траеше 18 часа, соопштија локалните власти.
Пожарот изби на последниот кат на четирикатницата во округот Хуидонг во југоисточната провинција Гуангдунг.
Во акцијата за спасување учествувале 270 пожарникари и 45 противпожарни возила.
Полицијата ги притвори деветтемина менаџери на трговскиот центар, а истрагата за причините за пожарот е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.