Вечерва падна седумка на играта на среќа Лото во Македонија. Ова е петта седумка по ред, а добитникот е побогат за 282 илјади евра. Тоа е главната премија на Лото на Државната лотарија на Македонија. Среќниот добитник го уплатил ливчето во центарот на Скопје, кај киното Вардар. Најсреќниот играч од денес е побогат за 282 илјади евра, освојувајќи ја главната премија на Лото на Државната лотарија на Македонија. Идентиетот на среќниот добитник се уште не е познат.
Претходно, седумка добиле две жени и двајца мажи, а жените се покажале како похрабри, појавувајќи се пред јавноста, додека мажите останале анонимни.
Она што е за секоја пофалба е и податокот дека последната добитничка од Свети Николе, дел од средствата ги донирала за СОС Детското село, објави интернет порталот Прес24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!