Каталонскиот дневен весник „Ел Мундо Депортиво“ на својата денешна насловна страница напиша вест дека Барселона ова лето ќе се обиде да ги обезбеди услугите на еден од најдобрите играчи во Европа, младиот француски репрезентативец Пол Погба.
Според изворите на весникот, Барселона сака уште ова лето да потпише договор со играчот и да ја плати откупната клаузула што ја има во договорот со Јувентус, доведувањето да го одложи за следната зима кога истекува суспензијата што ја има каталонскиот гигант од ФИФА за доведување нови играчи.
Сепак, Барса не е единствениот тим што е заинтересиран за услугите на Погба, но, секако, ќе биде интересно на лето кога ќе почне трката по еден од најдобрите играчи во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.