| четврток, 6 декември 2018 |

Тројцата космонаути на „Сојуз“ по 144 дена се вратија на Земјата

Тројцата космонаути на вселенскиот брод „Сојуз“ – двајца Руси и еден Американец од  екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) утринава, во 7.06 часот по московско време, се приземји во казахстанската степа, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на Центарот за управување со летови.

kosmonauti

Спасувачко-извидувачките групи се насочени кон местото каде капсулата се приземји.

На Земјата се вратија Русите Олег Новицки и Евгениј Тарелкин и Американецот Кевин Форд, кои во орбита минаа над 143 деноноќија.

Сега на МКС се наоѓаат Русинот Роман Романенко, Канаѓанецот Крис Хедфилд и Американецот Томас Машберт.

Следниот, 36-ти екипаж на Меѓународната вселенска станицата, од космодромот Бајконур, ќе отпатува на 29 март, а во бродот „Сојуз“ ќе бидат Павел Виноградов и Александар Мисуркин (Русија) и Кристофер Касиди (САД).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top