| четврток, 6 декември 2018 |

Вредноста на еврото се намали во однос на доларот

evro

Еврото загуби повеќе од 1,30 отсто од својата вредност во однос на доларот по одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да не ѝ дозволува на Грција веќе да зема кредити, користејќи државни обврзници.

Еврото се разменуваше за 1,13 долари вчера во 21.40 часот, а само еден час пред соопштението на ЕЦБ неговата вредност изнесуваше 1,14 долари.

Падот на курсот на еврото се зголеми по соопштението на ЕЦБ дека грчките банки веќе нема да можат да земаат кредити користејќи грчки државни обврзници или обврзници гарантирани од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top