Доктори во Кина останале збунети откако една пациентка се разбудила од кома, но повеќе не знаела ниту разбирала ниту еден збор на кинески. Таа зборувала само на англиски јазик.
Станува збор за 94-годишна жена која, навистина, работела во училиште како професорка по англиски јазик, но не го зборувала веќе триесет години.
Во болницата, односно во кома, Ли Јиеја завршила после мозочен удар. За сите било прилично шокантно кога се разбудила, а уште повеќе кога сфатиле дека не разбира ниту еден збор на кинески. Од друга страна, англискиот јазик го зборувала течно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.