Многу работи можат да се сменат за 11 години. Да го земеме за пример Марк Цукерберг. Во еден момент тој е студент на Харвард, кој задева студентки на интернет. Во другиот момент, веќе е милијардер, човек на годината според „Тајм“, гостин во „Saturday Night Live“.
Се започнува во 2004 година, кога „Friendster“ и „MySpace“ се борат за титулата најпопуларна социјална мрежа. Цукерберг од друга страна, стартува од својата соба во Кембриџ еден малку познат сајт наречен „The Facebook“. Единаесет години подоцна, над 1 милијарда активни корисници, 30 годишниот Цукерберг е веќе познат како човекот кој од основа го измени начинот на кој комуницираме со пријатели и роднини на мрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.