Во несреќа на патот Високо – Какањ, загина младата пејачка Амила Хасановиќ (21), а како што пренесуваат босанските медиуми, несреќата се случила кога пејачката со својот автомобил слетала од патот и паднала во студената река Босна.
Засега не се познати околностите под кои вчера околу 13 часот се случила несреќата во местото Доња Соча. Потрагата за телото и остатоците од автомобилот траела речиси 24 часа, а полициската акција била со намален интензитет поради фактот дека реката Босна надошла и била намалена видливоста.
Денес околу 11:30 часот специјалните единици на полицијата успеале да извлечат тело на женска личност која е идентификувана како А.Х., а локалните медиуми тврдат дека се работи за Амила Хасановиќ која и стана позната по учеството во талент шоу програмата „Ѕвезда можеш да бидеш и ти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место
-
Уште една трагедија: Загина мотоциклист
-
Зад себе ги остави синовите Стојмен и Ненад: На денешен ден во Слупчане животот го загуби Синиша Стоилов
-
Тешка сообраќајна несреќа на патот Велес – Скопје, едно лице загина



