| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Киев: Демонстранти се обидоа да упаднат во кабинетот на Порошенко (ВИДЕО)

Неколку стотици демонстранти се обидоа да влезат во салата за конференции во која се наоѓа и кабинетот на претседателот Петро Порошенко.

481743_demonstranti-kijev_f

 Демонстрантите, според информациите на тамошните медиуми, бараат оставка од министерот за одбрана на Украина и на шефот на безбедносните служби.

Судирот помеѓу нив и Националната гарда се уште е во тек, и се претворил во улични тепачки.

Според првичните извештаи, тие прво го пробиле полицискиот кордон која ја чуваше зградата на администрацијата, но многу брзо напад бил одбиен.

Официјалните лица негираа упад во кабинетот, тврдејќи дека при нападот никој не бил повреден.

Протестите во Киев се во организација на Братството на сите батаљони, новоформираната група, во која се сите оние кои се бореа во источниот дел на Украина, како и оние кои учествуваа во демонстрациите во Мајдан.

Ова е една од серијата протести откако Украинската влада го расформира баталјонот на доброволците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top