Спортскиот фер плеј и заедништво се докажува на фудбалскот терен, но и надвор од него.
Токму со таа цел Управниот Одбор на Фудбалската федерација на Македонија и самите вработени брзо го прифатиле апелот на Црвениот крст на Македонија за помош на настраданото население од поплавите во Македонија. Се донираше вода за пиење и средства за хигиена, нешто што му е најпотребно на населението кое во моментов се соочува со природна катастрофа, причинета од изливот на реките во неколку реони на Македонија.
„Брзата реакција на ФФМ е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на оние граѓани кои имаат потреба од тоа. Ги повикуваме и другите спортски федерации, институции и компании да се приклучат во оваа акција, и се надеваме дека барем малку ќе им помогнеме на погодените семејства” – изјави Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски.
ФФМ како синтеза на најпопуларниот спорт, најголемите спортски имиња, многу активности, многу приказни, голема еуфорија, е детерминиран и има долгорочна цел да биде „на теренот“, да развива најразлични концепти кои ќе и помогнат и ќе ја унапредат локалната заедница, ќе го подобрат квалитетот на животот, ќе помогнат во привлекувањето што е можно повеќе млади луѓе да се занимаваат со спорт, ќе промовираат идеи и ќе поттикнуваат хуманитарни активности, однесувајќи се со интегритет, обединети во радоста што ја носи фудбалот!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата
-
ФФМ го одложи првенството за 12 август!
-
Ѓорѓиоски се повлекува од ФФМ, добива функција во кабинетот на Чеферин во УЕФА



