| четврток, 6 декември 2018 |

Минатата година најврнежлива во последните 64 години

дожд

Минатата 2014 година била најврнежлива во Македонија во последните 64 години. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, лани во земјава наврнал дожд за речиси трипати повеќе од просекот во изминатите години.

На места како Гевгелија во текот на 2014 година наврнале 1.161 литар на квадратен метар, во Берово 1.039, Крива Паланка 966, Струмица 830 литри, Штип 803 и Прилеп 801 литар на квадратен метар.

Просечните годишни врнежи во Гевгелија изнесуваат 484 литри, Берово 431, Штип 348, Прилеп 291 и Струмица 267 литри на квадратен метар.

Во Беровско најврнежливи биле 1951 и 2002 година, во Гевгелиско 2002, 2009, 2010 и 2014, а во Скопско 2002, 2009, 2010 и 2014 година.

Најмногу дожд во текот на едно деноноќие е евидентиран во Гевегелија на 5 јуни 2004 година кога наврнале рекордни 201 литар на квадратен метар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top