| четврток, 6 декември 2018 |

Почна голема акција за санирање на поплавите во Пелагонија

image-a079818ac219e94c5f2cacbee69c44357cb3c23af0f87c940cae1b9767137e42-VУтрово од 7 часот почна голема акција во Пелагонија во која ќе се вклучат повеќе од 150 војници и луѓе од јавните претпријатија. Со 10.000 вреќи песок ќе се подигнува насипот на две критични точки на реката Црна и тоа во населените места Лознани и Царлија. Ова е договорено на вчерашниот состанок на координативното тело што се одржа во Битола, а се прави со цел да се заштитат населените места по течението на реката. Исто така, е договорено претставници од јавни здравствени установи да вршат секојдневни контроли во поплавените подрачја. Заклучокот од состанокот на координативното тело е да се забрани водата за пиење во овие населени места и да се дистрибуира флаширана вода за пиење. Дополнитечно ќе се прават процени за дезинсекција и дезинфекција на подрачјата.

Од денеска во сите поплавени подрачја ќе се дистрибуираат флаери за да се информираат граѓаните со цел да не се појават заразни болести. Во целата акција ќе се вклучи и Црвениот крст и сите други надлежни институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top