| четврток, 6 декември 2018 |

И утре врнежи од дожд и снег

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне повторно ќе настапи зголемување на облачноста кое во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд и снег. Преку ден ќе дува слаб, а во југозападните делови умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб, а од среда повремено и засилен ветер од јужен правец. Нов поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта во четврток кон петок и во петок претпладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top