| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат консулатациите кај претседателот Иванов

gjorge-ivanov-652

Денеска во кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов продолжуваат консулатациите на генералните секретари на политичките партии ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ. Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров денеска треба да ги продолжат консултациите за формирање експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември. Вчера се одржа првата средба на која се разговарало за досегашните активности во насока на формирање на експертска комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top