Денеска во кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов продолжуваат консулатациите на генералните секретари на политичките партии ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ. Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров денеска треба да ги продолжат консултациите за формирање експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември. Вчера се одржа првата средба на која се разговарало за досегашните активности во насока на формирање на експертска комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани