| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи започна со промената на полот

Македонскиот тансексуалец и пејач Филип Јаневски – Фифи го започна процесот за промена на полот. Фифи својот сон и физички да биде жена, реши да го исполни во Шведска.

– И сакам да ви соопштам дека легално и со сите процедури ќе ја започнам транзицијата тука во Шведска. Докторките кои ги запознав се предобри и ќе бидат покрај мене низ целиот мој процес. Пресреќна сум. За мене излезе комплицирано да ги почнам терапиите во Македонија, мораше нон стоп во Белград да се оди и многу други глупости, бидејќи кај нас нели нема професионалци за тоа. Е тука е сосема поразлично – сподели Фифи на „Фејсбук“.

Фифи денеска им посака среќа на новите кандидати на „Икс-фактор“. Лани имаше можност да се претстави и да стигне до финалето на музичкото шоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top