Македонскиот тансексуалец и пејач Филип Јаневски – Фифи го започна процесот за промена на полот. Фифи својот сон и физички да биде жена, реши да го исполни во Шведска.
– И сакам да ви соопштам дека легално и со сите процедури ќе ја започнам транзицијата тука во Шведска. Докторките кои ги запознав се предобри и ќе бидат покрај мене низ целиот мој процес. Пресреќна сум. За мене излезе комплицирано да ги почнам терапиите во Македонија, мораше нон стоп во Белград да се оди и многу други глупости, бидејќи кај нас нели нема професионалци за тоа. Е тука е сосема поразлично – сподели Фифи на „Фејсбук“.
Фифи денеска им посака среќа на новите кандидати на „Икс-фактор“. Лани имаше можност да се претстави и да стигне до финалето на музичкото шоу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не е лесно од црнка да станеш русокоса: Фифи го смени имиџот (галерија)
-
Реши да го смени полот: Првпат во Македонија ваква операција ќе се изведе во Скопје
-
Фифи: Нема повеќе да ве толерирам кога ми се обраќате во машки род
-
Фифи: МРТВ се толку назад, што и да ме викнат на „Евровизија“ нема да одам да се бламирам


