Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, се кандидира за нов, четврти мандат за челната функција на најбогатата спортска асоцијација, а ќе има тројца противкандидати. Меѓу ривалите најпознат е Луис Фиго, легендарниот репрезентативец на Португалија, а заедно со него ќе се обидат да го симнат од тронот Блатер, Али Бин ал Хусеин од Јордан и Мајкл ван Праг од Холандија.
Изборите ќе се одржат на 29 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.