Неколку илјади демонстранти вчера се собраа пред зградата на унгарскиот Парламент во пресрет на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел, за да ја потсетат Владата на Виктор Орбан на обврските кон западните сојузници. Запад со сѐ поголем немир следи како Фидес, партијата на десниот центар на Орбан, се приближува кон Русија, во момент кога во Украина беснее жесток судир.
Две недели по посетата на Меркел на Будимпешта, во Унгарија треба да дојде и рускиот претседател Владимир Путин. Демонстрантите вчера држеа транспаренти и извикуваа барања Унгарија да се држи до Европската унија, што подалеку од руската сфера на влијание. Тие бараа и заминување на Орбан бидејќи го сметаат за човекот кој ги загрози демократските слободи, толерира корупција и е во дипломатски судир со Западот, пренесе Хина.
Следните парламентарни избори се во 2018 година, а унгарската опозиција е многу слаба, што на Орбан му овозможува цврсто владеење со земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Николоски со честитка до Орбан: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија


