| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Борбата против тероризмот не е војна со радикалниот ислам

Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш одби да ја означи борбата против тероризмот како војна со радикалниот ислам или кој било друг вид религиска војна, истакнувајќи дека таквото етикетирање би ги уништило напорите да се искоренат радикалните идеологии во муслиманските заедници.
Обама во интервју за „Си-Ен-Ен“ предупреди на ризикот од зголемување на опасноста која ја претставуваат терористичките групи и рече дека САД, наместо тоа, треба да се усогласат со мнозинството муслимани, кои ја отфрлуваат радикалната идеологија и тактика на терористичките групи, како што се Исламска држава и Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top