| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Кингсман: тајната служба“ од 26 февруари во кината во Македонија

KSS_JB_D27_02661.CR2

Филмот „Кингсман: тајната служба“ ќе почне да се прикажува од 26 февруари во кината во Македонија. Режисер на филмот е Метју Вон, а во главните улоги настапуваат Колин Фирт, Семјуел Џексон, Марк Стронг, Мајкл Кејн и Тарон Егертон.

Филмот на Вон (режисер на филмот „Иксмен: прва класа“, продуцент на филмовите „Фајтер“ и „Снеч“) е сниман според познатиот стрип за британскиот агент-ветеран кој ангажира млада сила во посебна единица во рамки на тајната шпионска организација Кингсман.

KSS_JB_D15_01560.CR2
Филмот „Кингсман: тајната служба“ ќе ја врати публиката во кината во златната доба на шпионските трилери – акциски приказни, квалитетниот хумор со спектакуларна сценографија и живописни ликови.
Познатиот режисер секогаш истакнува дека Колин Фирт бил совршен за главната улога во неговиот најнов филм. Меѓутоа, исто така, знаел дека улогата на Хари Харт, џентлменот шпион и оперативец на тајната разузнавачка организација, претставувала голем физички предизвик за Фирт бидејќи актерот немал таква улога во текот на неговата значајна кариера. Вон го предупредил актерот дека ќе треба да мине низ повеќемесечни строги тренинзи, под надзор на неговиот координатор, каскадерот Бред Ален. Признава дека сето тоа било ризично, но на крајот вредело.
Покрај Фирт, во главната улога гледачите ќе имаат можност да го видат непознатиот велшки актер Тарон Егертон, кој ја толкува улогата на Егзи, млад припадник на работничката класа, кого Хари Харт го зема под своја закрила. Вон е познат по изборот на непознате актери за главни улоги во неговите филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top