Сообраќајот на патниот правец Маврово Дебар кај манастирот Свети Јован Бигорски, поради лавина, беше во целосен прекин. Попладнево, како што соопшти АМСМ, е исчистена една коловозна лента и се работи на целосно расчистување.
Превентивно се затвора и сообраќајот на патниот правец Штип – Ново Село, поради излевање на реката Брегалница.
Забрана за движење на тешки товарни возила, поради поголеми остатоци од снег на коловозот, има на патниот правец крак Маврово – Дебар, се наведува во соопштението од АМСМ.
Поради поголеми одрони на патот Кочани Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента и на возачите им се препорачува внимателно управување со возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


