| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот Маврово­-Дебар по една коловозна лента, одрони на патот Кочани­-Македонска Каменица

Сообраќајот на патниот правец Маврово ­ Дебар кај манастирот Свети Јован Бигорски, поради лавина, беше во целосен прекин. Попладнево, како што соопшти АМСМ, е исчистена една коловозна лента и се работи на целосно расчистување.

Превентивно се затвора и сообраќајот на патниот правец Штип – Ново Село, поради излевање на реката Брегалница.

Забрана за движење на тешки товарни возила, поради поголеми остатоци од снег на коловозот, има на патниот правец крак Маврово – Дебар, се наведува во соопштението од АМСМ.

Поради поголеми одрони на патот Кочани ­ Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента и на возачите им се препорачува внимателно управување со возилата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top