| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Штип и штипско, останува со граѓаните загрозени од поплавите

Утврдени се повеќе критични населени точки по течението на реката Брегалница

gruevski vo stip

Претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, вечерва останува со граѓаните загрозените од поплавите во Штип и штипско. Во текот на целиот ден, Груевски и министрите за транспорт и врски Миле Јанакиевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и заменик министерот за земјоделие Костадиновски одржаа координација со градоначалниците од општините од централна и источна Македонија кои се погодени од поплавите. Потоа премиерот Груевски на терен ги посети жителите на Штипско Ново село, како и браната Кежовица и месностите погодени од полавите во околината на Кежовица. Груевски ги посети и поплавените места во општината Чешиново Облешево.

gruevksi vo stip2

Утврдени се повеќе критични населени точки по течението на реката Брегалница и тоа Истибања, Виница, Чешиново Облешево, Кочани, Карбинци, Штип и околината на Штип. Се очекува излевање на водата од браната Калиманци, и на речното корито на Брегалница во пределот на Штип. Премиерот Груевски останува во Штип да помага во активностите за евакуација активностите на граѓаните од тие региони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top