Полска го освои третиот бронзен медал во историјата на Светските првенства, со победа од 29-28 по две продолженија против актуелниот шампион Шпанија.
Црвената фурија си оди со празни раце, иако ја имаше победата в раце. На 5 секунди до крајот на регуларниот дел се уште актулените светски прваци водеа со 24-23, но Михал Шиба со прецизен удар израмни и го одведе мечот во продолженија. Се играше двапати по 5 минути, а Полјаците повторно беа посмирени во решавачките моменти и со голот на Камил Сипрцак стасаа до победа и бронзен медал.
Токму Шиба со 8 погодоци и Спирцак со шест беа најефикасни кај Полјаците кои ја освоија третата бронза на мундијалите, а Томас со 7 гола беше најефикасен кај поразениот состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа во Полска
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија