Пред членовите и симпатизерите на партиите од Сојузот за иднината, вечерва во трговскиот центар Живко Брајковски во населбата Бутел беа промовирани Коста Начевски, кандидатот за градоначалник на општина Бутел и Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник за Скопје. Беа претставени и советничката листа за Бутел и нејзиниот носител Велимир Смилевски.
Покрај нив, на митингот говореа и претседателот на НСДП, Тито Петковски и лидерот на СДСМ и на Сојузот за иднината, Бранко Црвенковски.
– Време е да се прекине она што го прават на Бутел веќе 20 години. Време е Бутел да се врати на нормалните, достоинствените граѓани. Да ставиме крај на нивните лаги, затоа на 24 март заокружете го бројот 42– порача Начевски.
Лидерот на СДСМ, Црвенковски, порача дека во Начевски и во Макрадули и Бутел и Скопје ќе ги добијат вистинските луѓе за вистински промени, кои ќе покажат како се владее домаќински, наспроти пропаста што ја донело владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Бината, инаку беше веднаш под просториите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од каде пет-шестмина внимателно ги следеа говорите на Начевски, Макрадули и Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.