Русија би можела да го отплати грчкиот долг од 240 милијарди евра кон кредиторите како ММФ и Европската централна банка, откако во Грција победи левичарската партија „Сириза“ на чело со Алекс Ципрас, голем поддржувач на политиката на Москва. Шпекулациите ги поттикнал рускиот министер за финансии Антон Силуанов, кој нагласи дека неговата земја е подготвена финансиски да и помогне на Атина.
– Доколку од нас биде побарано да направиме нешто во врска со долгот на Грција, тоа секако ќе го разгледаме, нагласи Силуанов, пренесе германскиот весник „Билд“ кој потсетува дека таквите изјави не се изненадувачки откако Грција во четвртокот во Брисел на состоанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ одби да ја поддржи резолуцијата за продолжување на санкциите кон Москва.
– Треба да се има во предвид дека рускиот претседател Владимир Путин меѓу првите му ја честиташе победата на Ципрас. Исто така тешко е да се поверува дека министерот Силуанов би изјавувал било што пред однапред да се консултира со Путин, наведува „Билд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.