Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го оценил „неодговорно“ одбивањето на Грција да соработува со ревизорите на таканаречената „тројка“ задолжени за надгледување на фискалните реформи во таа земја.
„Доколку грчката влада повеќе не сака да соработува со своите кредитори на сегашната основа, тоа го сметам за неодговорно“, рекол Шулц во интервју за „Frankfurter algemajne cajtung“.
Тој оваа изјава ја дал бидејќи грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот изјавил дека сака директен пристап на Атина кон тројката – ММФ, ЕУ и ЕЦБ. Тој рекол дега Грција ќе се заложи за „максимална соработка“ со меѓународните кредитори, но дека нема да соработува со ревизорите на таканаречената „тројка“, ниту ќе бара продолжување на програмата за финансиска помош.
Шулц рекол дека до повторни преговори околу грчкиот долг може да се дојде само со „консензус, а не провокации“!
„Можеме да ја доведеме Грција до компромис, ама нема гаранција“, рекол тој и додал: „Состојбата е кревка, но не е очајна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.