| четврток, 6 декември 2018 |

„Ѓаволот ме натера на вакво злосторство“

Седумнаесетгодишниот С.Б од Белград, кој е уапсен поради сомневање дека во средата си ја убил својата сопруга Зулфија Хајризај (18), изјави дека „ѓаволот го натарел на вакво злосторство“. Како што дознава српски Курир, малолетникот признал дека ја со дршката од лопатата ја удирал по главата и телото својата сопруга.

– На сослушувањето рекол се сомнeвал дека го изневерувала и дека му се јавил ѓаволот, кој му рекол дека мора да ја убие. По сослушувањето судијата за малолетници му одредил притвор, вели изворот за порталот.

Телото на несреќната жена го пронашол нејзиниот 15-годишен девер.

-Тој живееше со нив, но психички попушти и не е во состојба да каже дали телото го пронашол во кревет или на под. И мајката на убиената заврши во болница, бидејќи и се слошило од шокот, вели соседот и додава дека С.Б бил многу љубоморен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top