| четврток, 6 декември 2018 |

Споменик на Ѓорѓи Сугарев кај Мавровка

sugarev

Споменик на војводата Ѓорѓи Сугарев е поставен на крстосницата кај Мавровка, во СКопје, а наскоро се очекува да биде комплетиран и неговиот постамент.

sugare3

На аголот на Универзитетската Библиотека веќе е поставен и споменикот на Пере Тошев, во негова близина е споменикот на Никола Петров Русински, а кај Судска Палата е подигнат и споменк на Андон Лазов Јанев- Ќосето.

sugare2

Одлуката за поставување на овие споменици беше изгласана од советниците на Град Скопје. Како финансиер на спомениците се јавува Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин од Скопје- Македонија, кое е донатор на овие споменици.

sugare

Сугарев бил македонски револуционер, член и војвода на Битолскиотреволуционерен округ на Македонската револуционерна организација.

Сугарев е роден 1876 година во Битола. Израснат во сиромашно семејство. Пред Илинден, тој учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес во 1903 година, на кој било донесено решение за кревање на вооружено востание во Македонија, а бил назначен за горски началник во Битолско. Со почетокот на Востанието на 2 август 1903 година учествувал во заземањето на селата околу Битола.

Четите под команда на Сугарев војувале цели 3 месеци против големиот турски аскер. Се воделе повеќе тешки битки, а посебно по битката кај селото Ѓавато, за неговата храброст се прераскажувало, а неговото име станува легенда за македонскиот народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top