Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски ја напушти Алба Берлин и ќе настапува за шпанскиот прволигаш Мора банк Андора. Синоќа Стојановски не играше за германскиот тим против Црвена звезда во Белград, а веќе денеска го смени клубот и ќе игра во силната шпанска лига.
Во Берлин македонскиот кошаркар се задржа две сезони, годинава играше и во Евролигата, а во последениот период имаше сè помала минутажа кај тренерот Саша Обрадовиќ.
Дебито за новиот клуб на Војдан се најавува за 7 февруари кога на распоред е мечот меѓу Мора банк Андора и Гипускоа баскет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.