Министерството за надворешни работи на Русија апелираше до властите во БиХ да престанат со испорака на оружје на украинската војска.
– Загрижени сме поради тоа што тоа оружје го користат украинските безбедносни сили, кои со него ги бомбардираат градовите и убиваат цивили. Резултатите од таквите нехумани потези ги гледаме во многу градови и села на југоистокот на Украина – се наведува во соопштението.
Руското МНР смета дека тоа нема да придонесе за наоѓање мирно решение на проблемот.
– Таквите планови се во спротивност со меѓународните стандарди и обврските на членките на ОБСЕ. Таквиот потег, особено сега, кога насилството на југоистокот на Украина ескалираше, нема да помогне за наоѓање мирно решение на проблемот и ќе доведе до нови цивилни жртви – се заклучува во соопштението.
Претходно е објавено дека министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Борис Тучиќ, поднел оставка затоа што не се сложил со продажбата на четири пратки муниција на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.