
Британскиот премиер Дејвид Камерон ја осуди денеска минатогодишната изјава на новоизбраниот папа Франциск за Фокландите, додека тој се уште беше кардинал на Буенос Аирес.
Поранешниот кардинал Хорхе Марио Бергољо минатата година застана зад аргентинскиот претседател Кристина Кирхнер во нејзината расправија со Велика Британија околу суверенитетот на Островите, изјави дека Фокландите се „аргентинска почва“ и дека овој архипелаг во Јужниот Атлантик, е „узурпиран од Британците“.
Камерон меѓутоа изјави дека не се согласува со таквите ставови на новиот папа. Британскиот премиер ги повика светските лидери, вклучувајќи го и папата,да ги респектираат резултатите од неодамнешниот референдум, на кој дури 99,8 отсто се определија за тоа Островите да останат и понатаму британска прекуморска територија.
Премиерот Камерон ги искористи протоколите што важат при изборот за нов папа, за да порача дека „белиот чад над Фокландите е прилично јасен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


